Правила и услови

Кога велиме “Mony”, “ние”, “нас”, мислиме на Сајтех ДОО Скопје, кој што прибира, чува, обработува, и процесира лични податоци во случаите кога Вие:

  1.  Ја посетувате нашата интернет страна (“Веб страна“)
  2.  Давате согласност на нас за користење на Вашите лични податоци заради користење на финансиска услуга преку Mony платформа (“Сервис“)
  3.  Давате согласност на нас за користење на Вашите лични податоци за маркетинг цели
Оваа политика на приватност се однесува кога Вие пристапувате и го користите нашиот Сервис, и за да го правиме ова ние мораме да ги прибираме, чуваме, обработуваме, и процесираме Вашите лични податоци. Затоа е многу важно да ја прочитате оваа Политика на Приватност пред да започнета со користење на нашиот Сервис. Оваа Политика за Приватност содржи информации за
  • Контролор на збирки на лични податоци
  • Кои податоци се обработуваат
  • Која е легалната основа за обработка
  • Како ги прибираме податоците
  • Како ги користиме податоците
  • Како ги споделуваме податоците
  • Колку долго ги чуваме податоците
  • Складирање и безбедност на податоците
  • Вашите права
  • Дата аналитикс алатки
  • Размена на податоци со странски земји
  • Промена на Политиката на приватност
  • Вашето право на жалба
  • Прифаќање на условите
Контролор на збирки на лични податоци Контролор на личните податоци е Сајтех Доо Скопје - Друштво за компјутерско програмирање, информатичка технологија и консултантски услуги, со седиште на ул.: Рајко Жинзифов 18/1 - кат 2, Скопје, ЕДБ 4080017565255 и ЕМБС 7197330. Обработката на личните податоци се врши во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Кои податоци се обработуваат
  1. За да се инсталира Mony мобилната апликација се обработува бројот на мобилниот телефон
  2. За креирање кориснички профил на Mony мобилната апликација се обработува: име и презиме, емаил, телефонски број, датум на рагање, улица и број, град, поштенски број, земја
  3. За да се верификува идентитетот се обработува: име и презиме, дата и место на раѓање, место и адреса на живеалиште или престојувалиште, единствен матичен број или број за идентификација, број на документот за идентификација, органот кој го издал и дата на важење
  4. За да се утврди статусот на Носител на Јавна Функција се обработува: име и презиме, единствен матичен број
  5. За да се направи проценка на ризик од перење пари и финансирање на тероризам се обработува: место на рагање, место и адреса на престојувалиште, државјанство, продукт, канал на дистрибуција, работен статус, назив на работодавач, дејност на работодавач, имот и средства што поседува, износ на редовен приход, износ на останат приход
  6. За поврзување на платежната сметка со Mony мобилната апликација се обработува: број на платежна сметка, банка во која се наога платежната сметка
  7. За иницирање, процесирање и обработка на трансакција преку нашиот Сервис, се обработува: број на платежна сметка, банка каде се наога платежната сметка, Вид на мобилен уред, ИП адреса
  8. При посета и користење на нашиот Сервис се обработува: Вид на уред, ИП адреса, Датум, Време, Корисник и која функционалност ја користите.
  9. За целите на маркетинг се обработува: електронска маил адреса и телефонски број
Која е легалната основа за обработка Прибирањете и обработката на личните податоци е преку давање на Ваша согласност за исполнување на договорни обврски, или за исполнување на обврски од Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (ЗСППФТ), или за исполнување на обврски од Законот за Заштита на Лични Податоци (ЗЗЛП) . При инсталација на Mony мобилната апликација, креирање на кориснички профил, поврзување на вашата платежна сметка, и иницирање трансакција се обработуваат лични податоци врз основа на ваша согласност дадена за исполнување на договорни обврски за користење на нашиот Сервис. При верификација на идентитетот, утврдување на статусот на Носител на Јавна Функција, и при правење на проценка на ризик од перење пари и финансирање на тероризам, се обработуваат лични податоци за целите на Законост за Спречување на Перење Пари. При посетата и користењето на нашиот Сервис се обработуваат лични податоци за целите на Законот за заштита на личните податоци. При маркетинг активности се обработуваат лични податоци врз основа на Ваша согласност. Како ги прибираме податоците Ние ги прибираме Вашите податоци на два начина. Кога лично Вие ни ги давате на нас, или кога трети страни ќе ни ги достават, како што ќе биде опишано подолу. Вашите податоци се неопходни за да Ви го обезбедиме нашиот Сервис на Вас или пак да се услогасиме со Законот за Спречување на Перење Пари и Финансирање или Законот за заштита на личните податоци. Доколку ги немаме, нема да можеме да го направиме тоа. а) Вие ни давате лични податоци во случаите кога:
  • Сакате да ја инсталирате Mony мобилната апликација или да се логирате на истата за да го користете нашиот Сервис.
  • Треба да го верификуваме Вашиот идентитет, во случаите кога го користите нашиот Сервис
  • Треба да направиме проценка на ризик од перење пари финансирање на тероризам, во случаите кога го користите нашиот Сервис
  • При иницирање на трансакција или при поврзување на платежната сметка
  • Која ја посетувате нашата веб страна или нашиот Сервис
  • При маркетинг кампања
б) Трети страни ни доставуваат лични податоци за Вас Ние прибираме лични податоци за Вас од трети страни и ие немаме контрола, ниту знаеме, како овие трети страни ги обработуваат Вашите Лични Податоци и секое барање за начинот на обработка на вашите лични податоци треба да биде упатено кај овие трети страни. Трети страни кога доставуваат лични податоци, ги вклучува следниве случаеви:
  • Други корисници го користат нашиот Сервис. Вие можете да бидете спомнати како Примачи на Трансакција од страна на други корисници на нашиот Сервис и тие ги даваат вашите податоци. Ние исто така го добиваме Вашиот телефонски број, кога некој сака да Ве покани да го посетите или да го користете нашиот Сервис.
  • Кога сакаме да го верификуваме вашиот идентитет преку Провајдери на Верификација на Идентитет и Вие ни давате согласност за тоа. Овие Провајдери можат да ни достават Ваши податоци и тие се користат за верификација на вашиот идентитет.
  • Кога сакаме да направиме позадински проверки, и да се осигураме за безбедноста на нашиот Сервис и нашите корисници. Ние можеме да побараме извештаи од јавно достапни бази за осуденост или криминални дејствија.
  • Усогласеност со прописи или измама, Кредитна изложеност. Ние може да прибериме лични податоци за вас од трети страни, кога согласно закон тие ќе разменат лични податоци за Вас и ние ќе се усогласиме со законскиот пропис. Исто така во случаите на дадена Ваша согласност за кредитна изложеност, ние можеме да добиеме Ваши лични податоци од Трети Провајдери - Кредитни бироа кои согласно закон обезбедуваат извештаи за крединта изложеност.
  • Сакате да поврзувате други сервисни услуги си Вашиот кориснички профил. Вие не овластувате нас и давате пристап на нашиот Сервис да ги прегледа Вашите податоци од трети провајдери, директно на екранот на нашиот Сервис. Вие исто така можете да дадете согласност на нашиот Сервис да направи синхроинизација на Вашата листа на контакти од телефонот, за да иницирате трансакција кон овие контакти или да ги поканите да го користат нашиот Сервис. Податоците кои ги добиваме кога го поврзувате или интегрирате нашиот Сервис со Трети Провајдери зависи од поставките, овластувањата и политиката на приватност кај овие Трети Провајдери. Вие морате да проверите овие поставки кај Третите Провајдери, за да разберете точно кои податоци може да ги поврзете или интегрирате за преглед во нашиот Сервис.
Како ги користиме податоците Ние ги користиме податоците на различни начини, во зависност од тоа какви функции користите од нашиот Сервис и тоа: а) Користење на нашиот Сервис
  • При Иницирање на Трансакции, процесирање и обработка на трансферите
  • При прикажување и преглед на историски и резервирани трансакции
  • За користење, оддржување и подобрување на нашиот Сервис.
  • При корисника поддршка за да ги отстраниме техничките проблеми што се јавуваат
б) Комуникација помегу нас и корисникот
  • Испраќање на флаери од промотивни акции и кампањи
  • Пополнување на анкетни прашалници
  • Потврди од нашиот Сервис при комплетирање на трансакција, отстранување на технички проблем, безбедносни информации или административни пораки.
  • Порака до корисникот во случај кога тој се јавува како примач во трансакција или добива покана за користење на Сервисот.