Политика на Приватност

Кога велиме “Mony”, “ние”, “нас”, мислиме на Сајтех ДОО Скопје, кој што прибира, чува, обработува, и процесира лични податоци во случаите кога Вие:

  1.  Ја посетувате нашата интернет страна (“Веб страна“)
  2.  Давате согласност на нас за користење на Вашите лични податоци заради користење на финансиска услуга преку Mony платформа (“Сервис“)
  3.  Давате согласност на нас за користење на Вашите лични податоци за маркетинг цели
Оваа политика на приватност се однесува кога Вие пристапувате и го користите нашиот Сервис, и за да го правиме ова ние мораме да ги прибираме, чуваме, обработуваме, и процесираме Вашите лични податоци. Затоа е многу важно да ја прочитате оваа Политика на Приватност пред да започнета со користење на нашиот Сервис. Оваа Политика за Приватност содржи информации за
  • Контролор на збирки на лични податоци
  • Кои податоци се обработуваат
  • Која е легалната основа за обработка
  • Како ги прибираме податоците
  • Како ги користиме податоците
  • Како ги споделуваме податоците
  • Колку долго ги чуваме податоците
  • Складирање и безбедност на податоците
  • Вашите права
  • Размена на податоци со странски земји
  • Промена на Политиката на приватност
  • Вашето право на жалба
  • Прифаќање на условите
Контролор на збирки на лични податоци Контролор на личните податоци е Сајтех Доо Скопје - Друштво за компјутерско програмирање, информатичка технологија и консултантски услуги, со седиште на ул.: Рајко Жинзифов 18/1 - кат 2, Скопје, ЕДБ 4080017565255 и ЕМБС 7197330. Обработката на личните податоци се врши во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Кои податоци се обработуваат
  1. За да се инсталира Mony мобилната апликација се обработува бројот на мобилниот телефон
  2. За креирање кориснички профил на Mony мобилната апликација се обработува: име и презиме, емаил, телефонски број, датум на рагање, улица и број, град, поштенски број, земја
  3. За да се верификува идентитетот се обработува: име и презиме, дата и место на раѓање, место и адреса на живеалиште или престојувалиште, единствен матичен број или број за идентификација, број на документот за идентификација, органот кој го издал и дата на важење
  4. За да се утврди статусот на Носител на Јавна Функција се обработува: име и презиме, единствен матичен број
  5. За да се направи проценка на ризик од перење пари и финансирање на тероризам се обработува: место на рагање, место и адреса на престојувалиште, државјанство, продукт, канал на дистрибуција, работен статус, назив на работодавач, дејност на работодавач, имот и средства што поседува, износ на редовен приход, износ на останат приход
  6. За поврзување на платежната сметка со Mony мобилната апликација се обработува: број на платежна сметка, банка во која се наога платежната сметка
  7. За иницирање, процесирање и обработка на трансакција преку нашиот Сервис, се обработува: број на платежна сметка, банка каде се наога платежната сметка, Вид на мобилен уред, ИП адреса
  8. При посета и користење на нашиот Сервис се обработува: Вид на уред, ИП адреса, Датум, Време, Корисник и која функционалност ја користите.
  9. За целите на маркетинг се обработува: електронска маил адреса и телефонски број
Која е легалната основа за обработка Прибирањете и обработката на личните податоци е преку давање на Ваша согласност за исполнување на договорни обврски, или за исполнување на обврски од Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (ЗСППФТ), или за исполнување на обврски од Законот за Заштита на Лични Податоци (ЗЗЛП) . При инсталација на Mony мобилната апликација, креирање на кориснички профил, поврзување на вашата платежна сметка, и иницирање трансакција се обработуваат лични податоци врз основа на ваша согласност дадена за исполнување на договорни обврски за користење на нашиот Сервис. При верификација на идентитетот, утврдување на статусот на Носител на Јавна Функција, и при правење на проценка на ризик од перење пари и финансирање на тероризам, се обработуваат лични податоци за целите на Законост за Спречување на Перење Пари. При посетата и користењето на нашиот Сервис се обработуваат лични податоци за целите на Законот за заштита на личните податоци. При маркетинг активности се обработуваат лични податоци врз основа на Ваша согласност. Како ги прибираме податоците Ние ги прибираме Вашите податоци на два начина. Кога лично Вие ни ги давате на нас, или кога трети страни ќе ни ги достават, како што ќе биде опишано подолу. Вашите податоци се неопходни за да Ви го обезбедиме нашиот Сервис на Вас или пак да се услогасиме со Законот за Спречување на Перење Пари и Финансирање или Законот за заштита на личните податоци. Доколку ги немаме, нема да можеме да го направиме тоа. а) Вие ни давате лични податоци во случаите кога:
  • Сакате да ја инсталирате Mony мобилната апликација или да се логирате на истата за да го користете нашиот Сервис.
  • Треба да го верификуваме Вашиот идентитет, во случаите кога го користите нашиот Сервис
  • Треба да направиме проценка на ризик од перење пари финансирање на тероризам, во случаите кога го користите нашиот Сервис
  • При иницирање на трансакција или при поврзување на платежната сметка
  • Кога ја посетувате нашата веб страна или нашиот Сервис
  • При маркетинг кампања
б) Трети страни ни доставуваат лични податоци за Вас Ние прибираме лични податоци за Вас од трети страни и ие немаме контрола, ниту знаеме, како овие трети страни ги обработуваат Вашите Лични Податоци и секое барање за начинот на обработка на вашите лични податоци треба да биде упатено кај овие трети страни. Трети страни кога доставуваат лични податоци, ги вклучува следниве случаеви:
  • Други корисници го користат нашиот Сервис. Вие можете да бидете спомнати како Примачи на Трансакција од страна на други корисници на нашиот Сервис и тие ги даваат вашите податоци. Ние исто така го добиваме Вашиот телефонски број, кога некој сака да Ве покани да го посетите или да го користете нашиот Сервис.
  • Кога сакаме да го верификуваме вашиот идентитет преку Провајдери на Верификација на Идентитет и Вие ни давате согласност за тоа. Овие Провајдери можат да ни достават Ваши податоци и тие се користат за верификација на вашиот идентитет.
  • Кога сакаме да направиме позадински проверки, и да се осигураме за безбедноста на нашиот Сервис и нашите корисници. Ние можеме да побараме извештаи од јавно достапни бази за осуденост или криминални дејствија.
  • Усогласеност со прописи или измама, Кредитна изложеност. Ние може да прибериме лични податоци за вас од трети страни, кога согласно закон тие ќе разменат лични податоци за Вас и ние ќе се усогласиме со законскиот пропис. Исто така во случаите на дадена Ваша согласност за кредитна изложеност, ние можеме да добиеме Ваши лични податоци од Трети Провајдери - Кредитни бироа кои согласно закон обезбедуваат извештаи за крединта изложеност.
  • Сакате да поврзувате други сервисни услуги со Вашиот кориснички профил. Вие не овластувате нас и давате пристап на нашиот Сервис да ги прегледа Вашите податоци од трети провајдери, директно на екранот на нашиот Сервис. Вие исто така можете да дадете согласност на нашиот Сервис да направи синхроинизација на Вашата листа на контакти од телефонот, за да иницирате трансакција кон овие контакти или да ги поканите да го користат нашиот Сервис. Податоците кои ги добиваме кога го поврзувате или интегрирате нашиот Сервис со Трети Провајдери зависи од поставките, овластувањата и политиката на приватност кај овие Трети Провајдери. Вие морате да проверите овие поставки кај Третите Провајдери, за да разберете точно кои податоци може да ги поврзете или интегрирате за преглед во нашиот Сервис.
Како ги користиме податоците Ние ги користиме податоците на различни начини, во зависност од тоа какви функции користите од нашиот Сервис и тоа: а) Користење на нашиот Сервис
  • При Иницирање на Трансакции, процесирање и обработка на трансферите
  • При прикажување и преглед на историски и резервирани трансакции
  • За користење, оддржување и подобрување на нашиот Сервис.
  • При корисника поддршка за да ги отстраниме техничките проблеми што се јавуваат
б) Комуникација помегу нас и корисникот
  • Испраќање на флаери од промотивни акции и кампањи
  • Пополнување на анкетни прашалници
  • Потврди од нашиот Сервис при комплетирање на трансакција, отстранување на технички проблем, безбедносни информации или административни пораки.
  • Порака до корисникот во случај кога тој се јавува како примач во трансакција или добива покана за користење на Сервисот.
Како ги споделуваме податоците Ние имаме колаборативни алатки и сакаме тие да работат одлично за Вас. Тоа значи дека споделуваме податоци преку нашиот Сервис, како и со други страни. Споделување на податоците е во случаеви: а) Споделување со другите корисници на Сервисот
  • Со другите корисници на нашиот Сервис, Вие на Ваша лична одговорност, воспоставувате интеракција или иницирате активност преку нашиот Сервис. Ние, за да ја исполниме нашата договорна обврска ги споделуваме Вашите податоци, како на пример, кога сакате да иницирате плаќање или да примите пари преку нашиот Сервис.
б) Споделување со трети страни Ние ги споделуваме податоците со трети страни кои ни помагаат за да го нудиме или да вршиме операции, за да ги задоволиме законските барања или за да го рекламираме нашиот Сервис.
  • За да го нудиме или да вршиме операции со нашиот Сервис, ние споделуваме податоци со банки или финансиски институции, оператори на платежни системи, процесори на платежни картички, кредитни бироа и други субјекти кои се поврзани со нашиот Сервис
  • За да исполниме законски барања ние споделуваме податоци со системи за спречување на перење пари и финансирање тероризам, со системи за електронска идентификација и верификација на идентитет, или во случаите кога државен орган ќе побара информација во согласност со закон
  • Со Ваша согласност ние можеме да ги споделиме податоците и со агенции за рекламирање или маркетинг кампањи.
Колку долго ги чуваме податоците
  • Ние ги чуваме податоците за целото времетраење на Договорот помегу Корисникот и нашиот Сервис, или онолку долго колку што е пропишано со Законот за Спречување на Перење Пари и Финансирање на Тероризам, односно со Законот за заштита на личните податоци, како и со други применливи Закони.
  • Податоците за Корисничкиот профил ги чуваме се до моментот на користење на нашиот Сервис од страна на корисникот, а откако корисникот ќе го избриши профилот неговите податоци се бришат во рок од 30 дена, освен во случаите кога има Законска обврска тие да се чуваат.
  • Доколку Корисничкиот профил е заклучен или деактивиран, податоците за корисникот може да бидат на располагање за контактите на Корисникот или другите корисници на Сервисот.
  • Податоците за маркетинг цели се користат се дури Корисничкиот профил на корисникот не е избришан. Доколку корисникот го избрише овие податоци ќе бидат избришани во рок од 30 дена.
Складирање и безбедност на податоците Ние користиме клауд локација за хостирање и чување на личните податоците, каде што и ние и провајдерот на хостинг услугата превземаме техничко организациони мерки за безбедност на податоците. Додека ние спроведуваме заштитни мерки дизајнирани да ги штитат вашите информации, ниту еден безбедносен систем не е непробоен и поради својствената природа на Интернетот, не можеме сто проценти да гарантираме дека податоците, за време на преносот преку Интернет или на друг начин, се апсолутно безбеден од упад од други. Ние ќе одговориме на барањата во врска со ова во разумен рок. Сајтех не презема одговорност доколку сигурноста и доверливоста на комуникациите е нарушена од неовластен упад од страна на трето лице, злонамерни компјутерски кодови или поради непреземање на соодветни мерки за заштита од страна на корисникот. Вашите права Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
  • Право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
  • Право на пристап до личните податоци;
  • Право на исправка и бришење на личните податоци;
  • Право на ограничување на обработката на личните податоци;
  • Право на приговор и автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање
  • Право на преносливост на податоците;
  • Право за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена (се однесува само на обработка на лични податоци за која нема законска обврска или основа за понатамошно чување на податоци);
  • Право на поднесување барање до Агенцијата, согласно со Законот за заштита на личните податоци.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на личните податоци, доколку сакате да направите дополна, пренос, измена, бришење или ажурирање на Вашите лични податоци, како и доколку сметате дека при обработка на Вашите лични податоци Сајтех ДОО Скопје не постапил во согласност со позитивните прописи за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци - Александар Велков, на 076 445 302 или на alex@mony.mk Меѓународни трансфери на Вашите лични податоци и информации Согласно законските правила и прописи, а врз основа на согласност за користење на Сервисот, Вашите лични податоци и информации не се пренесуваат во трети земји и меѓународни организации, освен доколку не добиеме согласност од Вас и се исполнети други услови согласно закон. За појаснување, под „трети земји“ се подразбираат земји кои не се во Европската економска зона (ЕЕЗ) или Европската Унија (ЕУ), а под меѓународни организации не се подразбираат некои од органите, телата или институциите основани од ЕУ. Промена на Политиката на приватност Политиката на приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на законските правила и прописи, како и промената на нашиот Сервис Вашето право на жалба На линковите подолу поставени се барањата за измена, дополнување, запирање на обработка на лични податоци какои барањето за добивање на информации од личен карактер ( за добивање на информација кои лични податоци ги обработува контролорот). барање за дополнување, изменување на личните податоци барање запирање на обработката на личните податоци барање на информации од личен карактер Прифаќање на условите Со користењето на оваа веб-страница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на Сајтех Доо Скопје. Доколку не се согласувате со истата, Ве молиме да не го користите нашиот Сервис. Скопје, 24.11.2020